Фудбалерите на Борец против дебарски Кораб во бараж натпревар!
Објавено на 6 јуни, 2013 во 21:13
Вака денеска,четврток, 6 јуни, одлучи ждребката на ФФМ.
Велешани против Дебрани во бараж натпреварот за влез во Втората лига.
Натпреварот помеѓу ФК Борец и ФК Кораб, првак на Третата лига Запад, ќе се одигра на 15 јуни, во сабота на стадионот Под Тумбе Кафе во Битола.
Почетокот е во 16.30 часот. Според пропозициите на ФФМ спортскиот дуел треба да се одигра на неутрален терен./А.Д