Покажавме во Франција дека знаеме да играме квалитетна кошарка. Резултатите сами дојдоа!

Објавено на 13 јуни, 2013 во 14:02

„Покажавме добра игра и освоивме добри резултати. Нашите млади кошаркари дадоа се од себе да покажеме дека знаеме да играме кошарка но и дека сме подготвени да победуваме. Имавме подршка и од публиката. За нашата добра игра пишуваа и француските медиуми“ вака накратко го раскажа доживувањето од Гренобл – Франција тренерот на кавадаречките млади кошаркарски надежи од Академијата на КК „Фени индустри“, Ифтимчо Пецов – Тити.

Денеска и тренерите и играчите искажаа огромно задоволство од овој нивни настап на спортските терени надвор од Македонија. Беа едногласни во оценката дека сепак во Македонија се игра квалитетна кошарка, за што доказ е овоеното второ место во Франција.

„Квалитетот на нашите кошаркари е далеку подобар од играчите на француските екипи“ рече тренерот на младите кошаркарски надежи Ифтимчо Пецов.

Покрај тоа што младите кошаркари од Кавадарци освоија одлични резултати наишле на многу добар прием од тамошната публика.

„ Со услови за тренинг сме речиси исти. Интересно е тоа што тамошните клубови и играчи играта ја сваќат единствено како игра и забава. Апел до родителите да даваат поголема подршка за време на натпреварите на нивните деца  кои го оставаат срцето на терен“ рече Влатко Богев, исто така тренер на академијата на кошаркарскиот клуб „Фени индустри“.

На прес конференцијата претседателот на клубот Арвинд Мундра, нагласи дека Кавадарци веќе докажало  дека има кошаркарски таленти.

“Исполнети се нашите очекувања и дела со академијата. Нашата финансиска подршка има за цел младите спортски да се развиваат.Научивме со оваа победа дека нема ништо непобедливо ако се работи макотрпно. Спремни сме да им дадеме шанса на младите. Како компанија ќе продолжиме со подршката“ рече Мундра.

На силниот и реномиран турнир на кој учествуваа тимови од 16 европски земји и од Мароко поделени во неколку возрасни категории, кавадаречките надежи со доминантна игра во групната фаза и победи над УССА-МА со 26-59, Гиерес со 53-31 и над Еибенс Баскет со 45-30 заслужено го освоија првото место. Во мечот за финале, академците на Фени Индустри славеа уште една убедлива победа, овој пат над швајцарскиот тим ЦВРП со 64-49, но немаа сили да го издржат пеколниот турнирски ритам, губејќи го натпреварот за прво место од Унион Роданиен./ А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.