Во Битола, Борец, ќе го бодри и старо и младо од Велес!
Објавено на 13 јуни, 2013 во 16:46
Се организираат и навивачите и управата на ФК Борец за претстојниот бараж натпревар за влез во Втората лига.
Викендов ќе се знае дали навивачите од Велес, освен со автобуси и приватни возила, ќе патуваат организирано и со воз за Битола.
Управата се обидува да договори организиран железнички превоз откако голем број на граѓани изразиле желба да го следат натпреварот што фудбалерите на Борец ќе го одиграа против Кораб од Дебар на неутрален терен, на стадионот под Тумбе кафе во Битола, на 15 јуни годинава.
Почетокот на натпреварот е закажан за 16.30 часот. Со победа ФК Борец ќе стане второлигаш./А.Д