Гемиџиите тргнаа за Битола да го бодрат ФК Борец!
На стадионот под Тумбе кафе, со почеток во 16.30 часот, ФК Борец го игра бараж натпреварот за влез во Втора македонска фудбалска лига. Противник му се дебарските фудбалери од тимот на Кораб.
Двеста педесет Гемиџии од навивачката група тргнаа за Битола и ќе бидат дванаесеттиот играч на велешкиот клуб на трибините на стадионот во Битола.
Тие се собираа на зборното место пред споменикот на Кочо Рацин во дворот на гимназијата.
Доаѓаа од сите страни на градот носејќи знамиња, дресови и други навивачки реквизити.
Додека чекаа да се соберат дел од навивачите традиционално го испија заедно кафето во кафетериите од спротивната страна на гимназијата.
– Победа, Борец второлигаш,- скандираа навивачите а дел од нив ги пееја и препознатливите навивачки песни.
Освен Гемиџиите најави дека одат во Битола има и од други граѓани со сопствен превоз. Бараж натпреварот во кои сите се во очекување на победата на ФК Борец и влезот во Втората лига е топ тема во градот повеќе од две недели./А.Д