Борец го победи Кораб и стана второлигаш!
Објавено на 15 јуни, 2013 во 17:36
Со 3:0 во бараж натпревар, во кој единаесетмината фудбалери доминирале на теренот и го надиграле противникот ФК Кораб од Дебар, велешки Борец стана второлигаш. Стрелци на головите се Тодоровски во десетата, Чоков во четириесет и третата и Левков во шеесет и петтата минути.
Натпреварот се одигра во Битола на стадионот под Тумбе кафе каде фудбалетите од Велес го имаа верниот дванаесетти играч, на трибините. Таму беа околу илјада гледачи а меѓу нив и навивачката група Гемиџии.
Првото место во Третата лига југ за ФК Борец значи дека од есен ќе се натпреварува во втората лига со уште други 16 клубови од Македонија./А.Д