Неготинецот Ѓоргиев, најдобар на Балканскиот куп во Кик бокс!
Македонскиот кик-боксер Димитар Ѓорѓиев од Неготино е прогласен за најдобар учесник на Балкански куп во кик-бокс што се одржа во Тешањ – Босна и Херцеговина на кој учество зедоа натпреварувачи од повеќе држави.
Ѓоргиев прикажа одлични борби, го освои прво место и златниот медал во силна конкуренција во категоријата до 75 кг кик-лајт. Тој оствари три победи и уште две победи во категоријата лоу-кик.
На ова реномирано меѓудржавно натпреварување борбите се одвиваа во повеќе дисциплини и тоа поинт-фајт, лајт-контакт, кик-лајк и фул-контакт во сениорска, јуниорска и кадетска конкуренција.
Ѓорѓиев за најдобар учесник беше прогласен и на меморијалниот 4-ти по ред турнир во Битола кој се одржува во чест на Љупчо Неделковски каде што во категоријата до 75 кг кик- лоу го декласираше србинот Слаѓан Драгшиќ и го доби највисокото одликување.
Пред петкратниот македонски државен шампион и вицешампионот од Европското првенство 2012 во Букурешт,следува уште еден предизвик,Светските првенства кои во октомври и ноември ќе се одржат во Бразил и Турција ,каде што Ѓорѓиев ќе може да си ги одмери силите со најдобрите кик боксери во светот.
На манифестацијата “Спортист на годината” во организација на ССФМ и АМС, неготинецот Димитар Ѓорѓиев е прогласен за најдобар млад спортист на Македонија а го избраа спортските новинари, националните спортски федерации и љубителите на спортот кои гласаа преку интернет./Б.Н.Т