Прволигашите го започнуваат новиот шампионат
Објавено на 4 август, 2013 во 09:07
Од денеска започнува новото фудбалско првенство во земјава. Во рамки на 1.коло дербито се игра на „Железарница“ во Скопје меѓу Металург и Работнички, а почетокот на дуелот е во 18 часот.
Во истиот термин се играат и натпреварите: Шкендија – Хоризонт Турново, Гостивар – Брегалница, Напредок – Ренова и Пелистер – Еуромилк.
Последниот натпревар од почетното коло во Првата лига се игра на „Националната Арена Филип Втори“ каде првакот Вардар го пречекува повратникот во лигата Македонија ЃП. Почетокот на овој натпревар е во 20 часот.