ЕП во кошарка:Македонија се збогува со Евробаскет!
Немаа сили македонските репрезентативци да и се спротивстават Летонија. Поразост со двоцифрена предност, што требаше да и го зададеме на репрезентацијата на Летонија остана неостварен сон. Македонската репрезентација,наместо пласман во втората групна фаза се збогува со Евробаскетот.
По нешто повеќе од 3 минути игра имавме катастрофални 12:0 негатива кои не ветуваа добар натпревар за нашите кошаркари.
По четири минути имаше минус 13 (3-16), во 15-минута стигна и до минус 17 (26-43), предност што Летонците ја зголемија и на самиот почеток од третиот период, кога стигнавме до 20 поени негатива (39-59). Тогаш беше јасно дека Македонија нема никакви шанси да победи.
Важни поени денеска постигна Владимир Брчков кој доби поголема минутажа од селекторот Пипан. Шанса за деби на европското првенство добија Александар Костовски и Стојан Ѓуровски.