Македонската велосипедската федерација донесе програма за друмски велосипедизам
На овој начин сака да го зголеми интересот за овој спорт. Со програмата е предвидено клубовите да добијат бесплатни велосипеди со кои ќе ги привлечат младите под 15 години, што почесто да го користат за спорт и рекреација. За потребите од програмата, македонската од европската велосипедска федерација обезбеди грант во висина од 25 илјади евра.
Со овие пари се планира да се купат 30 натпреварувачки велосипеди кои ќе бидат распределени во клубовите, а тие пак ќе имаат обврска со нив да учествуваат на трките во земјава.
„Сакаме клубовите да добијат велосипеди ,но потоа ќе бараме од нив да учествуваат на трките и на тој начин ние како федерација да имаме подобар увид во способностите на сите млади наптреварувачи или да направиме еден вид база за иднина наши репрезентативци,“ рече Сашко Ванчевски, генерален секретар во велосипедската Федерација на Македонија.
Во последните неколку години, рапидно расте бројот на граѓани кои рекреативно возат велосипеди дури и на потешки тури. Но за разлика од нив пак се намалува интересот за натпреварувачкиот дел во спортот. Затоа во наредниот период федерацијата интензивно ќе работи на едукација на клубовите.
„Мислиме дека е време да се направи накоја поголема експанзија во спортот. Затоа со еминантни лица ќе организираме повеќе семинари за клубоците ,тренерите и за самите велосипедисти,“ рече Ванчевски.
Велосипедизмот во градот е со долга традиција. Во далечната 1928 година е формиран првиот велосипедски клуб. Од тогаш па до денес, членовите на клубот постојано се дел од репрезентативните селекции. Велешкиот клуб ќе биде организатор на Државното првенство во возење на хронометар, што ќе се одржи викендов./А.Д