Стигнаа првите столчиња за градскиот стадион
Деновиве првично ќе се постават 1000, но не е исклучена можноста таа бројка двојно да се зголеми. Јавното претпријатие „Парк спорт“ кое од неодамна стопанисува со објектот веќе испратило барање за преотстапување на дополнителен број на столчиња од поранешниот Градски стадион во Скопје.
Следен зафат ќе биде реконструкција на трибината, најавија од јавното претпријатие. Откако ќе се заврши со неа, следува реконструкцијата на соблекувалните и службените простории. Моментално се чека идејното решение кое надлежните треба да го преточат во пракса до 5-ти август годинава.
По завршувањето на реконструкцијата, инспекција ќе извршат луѓето од телото за инфраструктура на ФФМ, кои имаа забелешки токму за овие делови на објектот при неодамнешната посета. Тие одлучија на фудбалскиот стадион во Велес да се играат натпревари од сите квалитетни категории во македонскиот фудбал./Д.С