Атлетската патека на Градскиот стадион останува само на професионалците
Ќе ја користат единствено членовите на двата атлетски клубови во градот. Сметаат дека на тој начин ќе ги надминат проблемите со кои досега се соочуваа и ќе постигнуваат солидни резултати.
„Мислам дека вака ќе се воведе ред, бидејќи во годините наназад многу често имавме повредени атлетичари од рекреативци и несовесни граѓани кои доаѓаат тука со кучиња, мотори и ја уништуваа патеката. Сега ќе имаме многу подобри услови за време на тренинзите и ќе постигнуваме резултати, рече тренерот на атлетски клуб Изгрев, Зоран Димов.
„Досега имавме проблеми, во текот на тренирањето не можевме во целост да ги обавуваме тренизнзите бидејќи имаше многу рекреативци. Сега ќе биде подобро, рече ултрамаратонецот Трајче Михов, член на атлетски клуб Велес.
Рекреативците ќе можат да ја користат патеката во Градскиот парк. Така одлучи јавното претпријатие Парк спорт откако атлетичарите побараа да се воведе ред на патеката.
„Бидејќи досега ја користеа многу рекреативци кој испрано кој неисправно, атлетските клубови побараа само тие да ја користат во иднина и одлучивме да воведеме ред во користење на атлетската стаза“, рече директорот на ЈП Парк спорт,Александар Табаков.
Иако тренираат на уништена и дотрајана патека, атлетичарите не се откажуваат од спортот. Сепак бараат таа да се реновира за да можат да постигнуваат уште повисоки резултати.
„Добро би било кога ќе се инвестира во обнова на патеката. Тогаш би имале иделани услови за тренирање, бидејќи оваа патека е веќе стара и уништена, рече атлетичарот Зоран Димов.
Инаку атлетиката е најтрофејниот спорт во градот. Атлетичарот Ристе Најдов неодамна ги освои шампионската и вицешампионската титула на државното првенство во Скопје./Д.С