Челиманова и Петровски: Велешко езеро е одлично за пливање маратон
Пливачите Давор Петровски и Марта Челиманова од ПК “Орион“ од Скопје победија изминатиов викенд на првиот на патеката долга 2.500 метри на пливачки маратон на велешко езеро. Тие имаат по четиринаесет години и долго пливачко искуство. Веднаш по изледувањето од вода нивниот прв впечаток беше дека имаа одлични услови за пливање. Петровски и Челиманова прв пат влегоа во езерото „Младост“ и победија во машка и женска конкуренцијаво конкуренција на пливачи до четиринаесет години.
„Никогаш досега не сум пливала во ова езеро. Одлично беше. Освен брановите некаде на средината на езерото се друго беше во моја полза, значи дневната температура, топлата вода, добро поставената патека за пливање. Задоволна сум од денешната трка и се разбира дека вгодина повторно ќе дојдам,“ рече Челиманова.
„И јас сум задоволен од организацијата и од реализацијата на трката. Не сум пливал досега во ова езеро кое има одлични услови за пливање. Се гледаме в година,“ рече Петровски.
Пливачката Федерација на Македонија нивните постигнатите резултати од трката на „Младост“ ќе ги бодува исто како и на „Козјак“ и „Дојран“. Тие ќе им го обезбедат пласманот на ранг листата и секако освојувањето на паричната награда./Д.С