Заврши аматерската трка на 2,5 км на Меѓународниот пливачки маратон – Дарко Поп Ацев победник
Дарко Поп Ацев од Скопје со испливано време од 42:01:10 минути на патеката од 2,5 км го освои првото место, Јордан Иванов од Република Бугарија со испливано време од 48:56:53 минути e втор и Толга Демирџан од Турција со испливано време од 50: 23:02 минути го освои третото место во аматерската трка на шестиот Велешки пливачки маратон на „Езеро Младост“. Маратонот, годинава за првпат од меѓународен карактер, е во тек.
Во моментов се плива професионалниот маратон, во машка и женска конкуренција, на 2,5 км на 5 км и на 10 км.
Старот го означи живата легенда на македонскиот пливачки спорт Томи Стефановски, еден од најголемите спортисти што Македонија воопшто ги имала досега ,спортски првак во маратонско пливање во 2016 година и еден од тројцата Македонци кои успеаа да го препливаат „Ла Манш“ поточно во 2009 година и воедно единствен македонски спортист примен во „Куќата на славните“ е сигурен дека Велешкиот маратон ќе стане препознатлив дома како и надвор од границите на Македонија.
Врховни судии на маратонот се Васил Велков за машката трка и Андријана Прокопиева од Бугарија за женската трка.
Денеска на велешко езеро плива 10 км Олимписка дисциплина и Евгениј Поп Ацев кој е прв на ранг листата на Ултра маратони на Светската пливачка федерација.
Маратонот го обезбедуваат кајакри и спасители на Црвен Крст со колеги од Бугарија како и на „Македонски спасител“.
Стартот и целта на трката ја следат околу 300 посетители, од крајбрежјето на езерскиот брег кај ресторан „Бела вода“. Атмосферата е спортска и навивачка. На стартот охрабрувачка за сите 31 натпреварувачи во аматерскиот дел на маратонот.
Организаторите Националната пливачка федерација, ЗСР за спорт и рекреација „Клуб 28“ од Велес.и КК „Бабуна“ со сите останати кајакарски клубови во Велес како и покровителот Општина Велес се погрижија и за забавен дел во кој уживаат гостите, најголем дел од нив од Велес, Кавадарци и од Скопје како и од странство од Бугарија, Турција и Косово./У.Ј