Македонската ракометна репрезентација на светско првенство во Египет: Среќно момци !
Објавено на 13 јануари, 2021 во 13:18
Македонската ракометна репрезентација сепак ќе учествува на Светското првенство во Египет кое стартува денес. Нашиот најдобар национален состав ќе оди на местото на Чешка.
Чешка немаше друг избор, освен нејзината селекција да се откаже од учество на првенството поради големиот број позитивни ракометари на Ковид – 19.
Македонија во овој случај ќе биде во групата Г заедно со Египет, Шведска и Чиле.
Мите Јаначков