Навивачка група „Гемиџии“ со мирен протест ќе бараат единство во спортскиот живот во градот

Објавено на 20 јануари, 2021 во 16:28

140365167 3670893113002978 2531917953768291127 n

20.01.2021

Нема ниту еден претставник на ФК „Борец“ помеѓу четворицата избрани делегати што ќе ги претставуваат интересите на велешките фудбалски клубови, во Фудбалската федерација на Македонија.

Изборно Собрание на Општинскиот фудбалски сојуз во Велес се одржа во петокот на 15 јануари, годинава. Тогаш се виде дека наместо заеднички, за повеќе прашања не се сложуваат спонзорот и сопственик на „Брако“, Кочо Анѓушев од една и од друга страна Општинскиот фудбалски сојуз на Велес со старо новиот претседател Лазе Ракиџиев. Тоа не го одобрува навивачката група „Гемиџии“.

-На велешани им ја искажуваме нашата поддршка, нашата поддршка е на страната на клубот. Ние не напаѓаме никого, односно браниме наследство од нашите предци и аманет за идните поколенија – рече Ристе Најдов член на навивачка група „Гемиџии“.

По најавата за повлекување на спонзорот Брако, велешките навивачи денеска на јавноста и соопштија дека тие како верни поддржувачи на велешкиот спорт и фудбалскиот клуб „Борец“ имаат цел, во градот да не се прекине децениската спортска традиција и да не згасне особено спортскиот бренд ФК „Борец“.

-Упатуваме еден апел до раководството на Општинскиот фудбалски сојуз, да ги преиспитаат своите одлуките на последното годишно собрание и во најбрз можен рок да донесат спортска одлука во интерес на градот, во интерес на велешани и во интерес на Борец. Борец да го продолжи патот по кој оди и да ги совлада сите предизвици со наша безрезервна поддршка и помош – додаде Најдов.

Верните поддржувачи на ФК „Борец“ најавија мирен протест за да го изразат своето незадоволство од последните случувања во спортскиот живот во Велес. Протестот ќе го одржат во петок, на 22 јануари, со почеток во 16 часот, на платото пред зградата на велешки театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“

Дека нема единство помеѓу Општинскиот фудбалски сојуз на Велес и спонзорот на ФК „Борец“, поточно сопственикот на Брако, Кочо Анѓушев се виде на Изборното годишно Собрание на Општинскиот фудбалски сојуз во Велес кога Анѓушев, пред да го напушти собранието најави можно повлекување од ФК „Борец“.

140842377 458467231852612 2138423562158421261 n

141076431 2763980413822643 1291551628408453700 n

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.