Иванов: Потребно е дополнително санирање на покривот на спортската сала „Гемиџии“ и систем за греење и разладување

Објавено на 22 февруари, 2021 во 19:13

direktor Ivanov fin

22.02.2021

Спортската сала „Гемиџии“ во Велес е изградена во 1981 година, од тогаш па се до денеска, не е направена целосна реконструкција. По реконструкцијата на покривот над спортскиот терен, по што нема протекување, на спортската сала сега и е неопходна реконструкција и на страничните делови каде тече токму над деловните простории. На западната страна во спортскиот објект се наоѓаат канцелариите на раководителот и на службата на ЈП „Парк спорт и паркинзи“.

-Условите за работа, кога од таванот прокиснува вода во канцелариите, воопшто не се соодветни за спроведување на секојдневните задачи. Создавањето на услови за непречено извршување на работата за четворицата вработени во ова јавно претпријатие е приоритет број еден од како стапив на должноста в.д директор на ЈП „Парк спорт и паркинзи“. Исто така сериозно сум заинтересиран за реализација и на проектот за воведување на централно затоплување и ладење на објектот со што тој би бил конкурентен за одржување на европски спортски натпревари. Во такви услови и со далеку поголеми финансиски средства во јавното претпријатие ќе може да се вработи потребниот број на работници адекватен на потребата освен за спортската сала и за придружните спортски терени како помошното фудбалско, игралиштето за тенис, градскиот фудбалски стадион итн, рече в.д директорот Љупче Иванов.

vnatresala

Како прв човек на институцијата Иванов размислува и за потребата од обновување на инвентарот на трибините во спортската сала. Пред се седиштата што исто така се стари колку и самиот објект.

-И условите за тренинзи на клубовите треба да се подобрат. Во моментов салата работи со еден спортски терен но и со помали сали за потребите на фитнес центар и сала за борење. Обновата на седиштата би овозможиле подобрување на условите за гледачите,за фановите, за привлекување на нови партнери за соработка со кои би се потпишале договори за одржување на европски натпревари во повеќе спортски категории. Мора прво да се создадат услови па потоа да се очекува финансиски бенефит. А капацитетот на салата со 3 илјади места за седење е голема предност што сметам дека треба и мора да се искористи што е можно поскоро и како јавно претпријатие и како град Велес, додаде Иванов.

Од неговата прва длабинска анализа на затекнатата состојба произлегуваат и други идеи за што финансиски средства би можеле да се обезбедуваат и преку проекти. Засега, додека се преброди пандемијата со ковид-19 сепак приоритетни се две финансиски помошти, од општината и секако од државата. Но санирањето на покривот и спречување вода и понатаму да протекува во дел спортскиот објект е најсериозната работна задача.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.