Борец поразен од Силекс со 1:3
На домашен терен и со играч помалку уште од четиринаесеттата минута, кога Чичевски заработи црвен картон, фудбалерите на Борец неможеа да сторат нешто повеќе во натпреварот со кратовски Силекс. Tимот е фаворит во втората фудбалска лига.
Гостите поведоа со голот на Николов во триесетата минута а на полувреме заминаа со предност од два гола бидејќи во четириесетата минута гол даде и Мариќ.
Кога Митревски во второто полувреме даде гол се чинеше дека фудбалерите на Борец имаат сили да се спротивстават на помоќниот противник и да извлечат бод во нерешен резултат. Но крај на таквите надежи стави гостинскиот играч Мандиќ.
Борец сега на табелата на втората фудбалска лига, во која се натпреваруваат 16-сет клуба, се наоѓа на 12-то место со 12 освоени бода./А.Д