ФК „Борец“ дома изгуби од „Победа јуниор“
Објавено на 11 ноември, 2013 во 10:16
Прилепчани со еден гол, што го постигнаа на помошното фудбалско игралиште во градскиот парк во Велес, освоија три бода. Гешковски е стрелец на единствениот гол на средбата,постигнат во 13-та минута.
Домаќините се спасија бидејки прилепчани во неколку наврати сериозно се заканија и во второто полувреме на натпреварот. Тоа ги разочара и навивачите, околу 200, кој дојдоа да ги бодрат но полека ја напуштаа трибината по постигнатиот гол на прилепчани.
Фудбалерите на Борец се наоѓаат пред сериозна закана. Поразот на домашен терен ги намали шансите за опстанок во втората лига. 12-тото место на табелата не ветува многу особено што викендов велешкиот фудбалски клуб во рамки на 14-тото коло игра во гости со екипата на „Корзо“./А.Д