ФК „Борец“ изгуби од тетовска „Руфеа“ со 0:2
Фудбалерите на велешкиот второлигаш не успеаја да ја искористат последната шанса во есенскиот дел на првенството и на домашен терен да извојуваат победа над екипата на „Руфеа“ од тетовско Милетино.
И покрај тоа што постојано напаѓаа гостите со тактика на одбрана се спротивставија но и постигнаа два гола со што остварија победа. Фудбалерите на Борец не успеаја да искористат 4 стопроцентни шанси и тоа беше доволно за поразот кој го претрпеа, вели Кире Јачев.
– Без разлика што постојано напаѓаа и ја имаа играта на крајот го претрпеа последниот пораз во последното коло на есенскиот дел на првенството. Логично е по вака лош остварен резултат да го смениме тренерот. Управата на Борец веќе бара замена за досегашниот тренер Жанко Савов. Исто така во план имаме да обезбедиме ново засилување со уште неколкумина проверени играчи. Наша цел е да го обезбедиме опстанокот во лигата, рече Јачев.
На крајот од есенскиот дел на првенството во втората фудбалска лига „Борец“ се наоѓа на 13-то место со освоени 12 бода. Третото место, одоздола на табелата, значи дека фудбалерите на пролет ќе треба да се соочат со вистинска борба за опстанок во лигата./А.Д