Фудбалерките на Борец изгубија од Струмичанки со 5:0
Објавено на 4 ноември, 2013 во 11:45
Девојките, на гостувањето во Струмица, одиграа слаб натпревар, потфрлија во одбраната и промашија три стопроцентни шанси. Тоа лошо се одрази на резултатот. ЖФК „Тиверија“ од Струмица славеше победа на домашен терен иако велешанки можеа да прикажат далеку подобра игра и резултат.
Сега стратегијата на тренерот Тоше Нацев е дека мора да се извојува победа во недела, кога на помошното фудбалско игралиште во Градски парк, доаѓа екипата на „Конзули“ од Битола. Натпреварот почнува во 12.30 часот. Тој и фудбалерките ја очекуваат поддршката од публиката за победа.
По поразот во Струмица, во 8-то коло на првата фудбалска лига – жени, ЖФК „Борец“ се наоѓа на 4-то место на табелата со освоени 15 бода во 5 победи./А.Д