ЕП во ракомет: Денеска Македонија – Чешка
Објавено на 14 јануари, 2014 во 09:12
На Европското првенство во ракомет, што се игра во Данска, репрезентацијата на Македонија денеска игра со Чешка, во натпревар кој се смета за клучен за обезбедување место кое води во натамошните борби. Во другиот натпревар од оваа група, Данска се среќава со Австрија.
По првото коло Данска и Австрија имаат по една победа, откако ги совладаа Македонија и Чешка.
Пласман во втората фаза обезбедуваат првите три селекции од секоја група.