Македонските каратисти учесници на меѓународна демонстрација на Окинава Уечи Рју во Белград
Каратистот Боре Видевски од Велес демонстрираше кати во Белград на меѓународната демонстрација на Окинава Уечи Рју. Видевски беше дел од македонскиот карате тим заедно со Љубомир Грданов , Радко Кузманов и Зоранчо Стојановски. Тие учествуваа и на тренинг програмата која траеше два дена и во која учествуваа голем број на следбеници на овој стил од повеќе земји во Европа.
Инаку меѓународната демонстрација се одржа на 10 ноември, годинава организирана од Окинава карате – Уечи Рју на Србија по повод јубилејот 40 години постоење. На демонстрацијата учество земаа каратисти од Русија , Украина , Грција , Хрватска , Република Српска , Македонија и организаторот Србија.
Главни организатори на оваа прослава беа претседателот на Српската Окинава карате Уечи Рју асоцијација Владимир Поповиќ 7- ми дан и потпретседателот Милан Димитриески 6-ти дан, соработник на македонските каратисти и клубови на Окинава карате – Уечи Рју.
На меѓународната демонстрација во Белград, Македонија беше најмладата членка на светската Окинава Карате Асоцијацијата – Окикукаи.
Ова потврдува дека развојот на овој Карате стил полека но сигурно се развива во нашата земја и си го наоѓа своето место меѓу веќе присутните боречки вештини.