Во Тетово, ФК „Борец“ поразен од ФК „Тетекс“ со 4:0
Искуството на домаќините наспроти трите промашени сто процентни шанси на фудбалерите на велешки Борец го дадоа крајниот резултат од 4:0 во полза на Тетекс. И покрај тоа што игравме тежок и цврст натпревар, можевме да се избориме за бод со подобро организиран напад и консолидирани редови во одбрана, гласат денеска коментарите на Управата на клубот.
По овој пораз на велешани дополнително се комплицира ситуацијата со опстанокот на клубот во втората фудбалска лига.
– Во сабота имаме многу значаен натпревар со екипата на ФК“Победа“ од Прилеп. Мора да го добиеме затоа што само победата ќе ни овозможи опстанок во лигата, рече Кире Јачев.
Фудбалерите на „Борец“ во сабота ќе играат на помошното игралиште во Градски парк во Велес. Натпреварот ќе почне во 13 часот.
Денеска се очекува официјалната потврда од ФФМ за трансферот на четворицата играчи со кои се појачува екипата во есенскиот дел на првенството./А.Д