Велешките „Крапџии“  на ЗСР „Бабуна“ по три кола први на табелата

Објавено на 4 јули, 2022 во 10:06

Во Кичево  на езерото Осломеј  во организација на Македонската риболовна федерација се одржа третото коло од државната крапска лига. Настапија 15 екипи од државата. Во еден од натпреварите со висок улов, како најдобра се покажа екипата на „Елит карп тим“ од Штип со уловени 80 риби со тежина од 204.030 килограми. Втора е екипата на „Костреж“ од Богданци со 65 риби и тежина од 148.730 кг. Трета е екипата на „Мак дам“ од Куманово чии играчи уловија 58 риби со тежина од 139.420кг. Втората екипа на „Бабуна“ беше петта, додека првата го освои шестото место.

На натпреварот се уловија 430 риби Крап со тежина од 1035 килограми што преставува вистинска атракција гледајки ги временските услови,претоплото време. Мораме да ја пофалиме организацијата на натпреварот и домакинот кичевски „Хантер фиш“ чии членови обезбедија одлични услови и инзворедна патека која има перспектива за одржување на меѓународни натпревари. Ова беше прв официјален натпревар на ова езеро и впечатоците се повеќе од поволни.

По три одржани кола во водство е првата екипа на „Бабуна“ со 40 бода пред „Мак дам“ со 36 и втората екипа на „Бабуна“ со 32 бода.

Лазар Лазаревки

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.