FSV1 fin

Откако се формираа Здруженијата на спортски ветерани во Скопје, во Велес, во Струмица, во Кочани и во Тетово како и иницијативни Одбори за формирање на здруженија во уште неколку македонски градови се исполнија условите за конституирање на Федерација на спортски ветерани на Македонија. Велес беше домаќин на конференцијата. Претставници од веќе формираните како и на иницијативните одбори за формирање на вакви спортски граѓански здруженија во градовите во државата го донесоа Статутот, Опреративна програма и Програма на Федерацијата на спортски ветерани на Македонија. Исто така ги донесоа одлуките со кои ќе се пристапи кон регистрација на граѓанското спортско здружение во Централниот регистер на Македонија, отворање на жиро сметка, потписници итн.

За првпат на Балканот, македонската метропола ја има честа да биде домаќин на фудбалскиот камп на Фондација на Реал Мадрид. Од вчера 11.06.2018 па се до 15 јуни, на комплексот во куќата на фудбалот, повеќе од стотина момчиња и девојчиња од 7 до 17 години, ќе бидат учесници на кампот кој е во организација на компанијата „Спорт арена“.

Македонија од месец јуни влегува во семејството на Реал Мадрид фондацијата како организатор на кампот „Campus Experience“. Компанијата „Спорт Арена“ доби можност да биде лиценциран партнер на Real Madrid Fundation Campus Experience, a Кожувчанка ДОО се приклучи како поддршка на најдобриот фудбалски камп во светот.

По повеќе од 13 часови поминати на велосипед, во кои ги почуствува сите годишни времиња, но и ненамерно виде многу поголем дел од Македонија, германскиот велосипедист Пјер Бишоф уморен од неочекувано долгата авантура предизвикана од едно грешно свртување, некаде околу 20 часот и 30 минути пристигна во Кавадарци.

Како град што во минатото имаше бројни спортски клубови и спортисти, голем дел од нив врвни ракометари и ракометарки, одбојкари и одбојкарки, фудбалери, гимнастичари и гимнастичарки, атлетичари, каратисти, кајакари, велосипедисти или младински и државни репрезентативци, Велес заслужува да има свое здружение на спортски ветерани, беа првите зборови на поранешниот државен репрезентативец на Југославија во гимнастика и кандидат за Олимписките игри во Мексико, Насе Кондовски. Неговото пријателство со велешкиот поранешен гимнастичар Пенчо Јаневски, со директорот на ЈСП „Парк“ Златко Гуцев и со уште неколкумина стари и добро познати спортски имиња денеска се реализираше со иницијатива за формирање на граѓанско здружение на спортски ветерани. На иницијативниот состанок дојдоа многумина стари добри спортски пријатели рече Кондовски.

Откако го загуби дуелот со Чешка, а со него и шансите за полуфинале, Македонија нема многу резултатски мотиви за играње, па затоа Кире Лазаров нема да ризикува.

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

E baner

Најново