Тешко повредено лице во сообраќајна незгода на автопатот Неготино – Демир Капија

Објавено: 11 јануари, 2022, во 10:49 часот

На автопатот Неготино – Демир Капија, триесет годишниот А.Т од Неготино управувајќи патничко возило „фолксваген голф“ со неготински регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.

Во сообраќајната незгода А.Т се здобил со тешки телесни повреди констатирани во ЈЗУ Општа болница Кавадарци.

-Бил извршен увид на местото на настанот, соопшти портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Сообраќајната незгода се случила вчера, 10 јануари, околу 22:30 часот.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.