381 нов случај на Ковид-19 и пријавени шест починати лица

Објавено на 24 август, 2022 во 13:48

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направен е 1.131 тест, а регистриран е 381 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 173, Битола – 36, Прилеп – 24, Кавадарци – 16, Куманово и Гевгелија – по 15, Кочани – 10, Велес и Охрид – по 9, Струмица – 8, Гостивар и Штип – по 7, Радовиш и Делчево – 6, Кичево, Неготино и Берово – по 5, Тетово и Валандово – по 4, Свети Николе – 3, Ресен, Крива Паланка, Дебар, Крушево и Демир Капија – по 2, Струга, Виница, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (381), регистрирани се 80 реинфекции.

Регистрирани сe 775 оздравени пациенти од: Скопје – 229, Битола – 72, Прилеп – 66, Делчево – 42, Куманово и Тетово – по 30, Велес и Струмица – по 29, Радовиш – 26, Кавадарци – 23, Гостивар – 21, Штип – 20, Крушево – 17, Охрид – 16, Кочани и Неготино – по 15, Кичево – 14, Крива Паланка – 13, Гевгелија – 10, Богданци – 8, Берово, Валандово, Струга и Виница – по 7, Ресен, Пехчево и Демир Хисар – по 5, Дебар и Македонски Брод – по 2, Свети Николе, Македонска Каменица и Пробиштип – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа пријавени се две починати лица од Скопје (58г) и Охрид (67г). Лицата се починати во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се четворица починати, од Скопје (62г), Кочани (73г), Свети Николе (86г) и Ресен (64г). Две лица се починати во болнички услови и две лица се починати во домашни услови. Починати се во период од 18.08. до 21.08.2022 година.

Направени се 1.131 тестови: ИЈЗ-162, ЦЈЗ Скопје-91, ЦЈЗ Битола-53, ЦЈЗ Прилеп-21, ЦЈЗ Тетово-17, ЦЈЗ Куманово-32, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–99, Жан Митрев (Филип Втори)-13, Авицена-12, Биотек-58, Систина-29, лабораторија Лаор-9, Синлаб-8, Ремедика-11, Плодност-7, Генеа-5, Никоб Лаб-20, ВФВ Медикал-4, Ели Медика Плус-4, Ројал Медика–3, Спектра-ММ-2, Рапид Лаб–0, Жан Митрев Струмица–4, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-5, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 462.

Досега во земјата се направени вкупно 2.145.675 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 338.929, бројот на оздравени пациенти е 326.990, на починати е 9.461, а бројот на активни случаи изнесува 2.478

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.