700 пациенти се хоспитализирани во болниците поради компликации од ковид-19
Вирусот забрзано се шири во земјава доесга најмногу хоспитализирани лица има во Тетово.
-Најголем број на пациенти се во болниците во Тетово, каде има 110 пациенти, 90 пациенти во болницата во Гостивар, околу 35-36 пациенти во болницата во Струга, 40-тина пациенти во болницата во Кичево. И тоа се болници во кои со директорите сме во континуирана комуникација, а со цел за секој пациент на којшто му е потребна хоспитализација, тој се транспортира до Скопје. Тука е отворена Болницата за рехабилитација во Козле која што е целосно опремена, снабдена со централен довод на кислород. Тука, има сместено за време на викендот околу 25 пациенти од вкупно 110 кревети коишто се на располагање, изјави министерот Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.
Бројот на активни случаи на Ковид – 19 достигна 11.042 лица. Според нивната дистрибуција по градови најмногу има во Скопје 3.829, следи Тетово со 1.791 и Гостивар со 1.467. Бројот на хоспиталиизрани лица е 700. Со последниот ковид – билтен се регистрирани и 27 починати лица.