Авганистанката која синоќа пристигна во Македонија роди здраво машко бебе
Објавено на 31 август, 2021 во 15:46
Се породи Авганистанката која вчера пристигна во Скопје и беше во 39-та недела од бременоста.
Родила здраво машко дете на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.
Од Министерството за здравство информираат дека таа и новороденчето се во добра здравствена состојба и го имаат истиот третман како и сите останати на клиниката.