ЦУК: Вкупно 1.851 повици за итни случаи, се уште над просекот

Зголемениот број повици за итни случаи на 112 во ЦУК, од вообичаениот просек што важеше дури и кога имаше многу пожари, се должи на повеќето индивидуални јавувања после снежното невреме и нагло заладување во викендот што помина. Па, на пример, покрај повиците за исчезнати лица и за згрижување бездомници, се уште има повици за паднати и опасно наведнати дрвја, тешко проодни патишта, оштетувања на сообраќајници и крајпатна опрема, сигнализација и помагала за сообраќај, како и за слични работи што претставуваат проблем за граѓаните и нормалното функционирање на животот на територијата на државата, соопштија утрово од ЦУК.
Според последниот извештаја на ЦУК имало вкупно 1.851 повици за итни случаи. Од нив„реални“ повици за итни случаи биле 34,85%, а 65,15% други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни.
-Со примањето во ЦУК на овие „други“ повици се растоваруваат од, такви повици непродуктивни за нив, службите и институциите коишто се за итно интервенирање. Покрај овие повици, во ЦУК, примарно, се решаваат и тие што се за комбинирано решавање, а не само за ангажман на една служба, институција. Според распределбата согласно природата на настаните, случаите, кон Полиција биле упатени 43,96% од повиците од 112 во ЦУК, кон Итната медицинска помош 38,16%, кон пожарникарите биле упатени 3,83%, а кон АМСМ 0,97%. Кон Центарот за управување со кризи имало 13,53% од „реалните“ повици за итни случаи што се за комбинирано решавање, што секако, заедно со другите 65,15%, „неитни повици“ (вкупно 1.234) биле предмет на примање, одговорање и обработка од дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација во ЦУК, додаваат од ЦУК.
Дума.мк
