Дојави за бомби во 33 училишта во Македонија

Објавено на 22 февруари, 2023 во 11:17

Во 32 училишта во Скопје и едно во Прилеп утрово беше прекината наставата поради упатени закани за поставени експлозивни направи.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, пријавите се стигнати на електронските адреси на училиштата.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, велат од МВР.

Вчера дојави за бомби освен во училишта имаше и во институции, хотели, згради и трговски центри во Скопје.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.