Цената на пченицата ќе паѓа но, не и на лебот?
Годинешната жетва на пченица треба да започне за околу десеттина дена. Според проценките на мелничарите и земјоделците за разлика од лани, жетвата ќе биде побериќетна.
Ако лани просечните приноси се движеа околу 2,5 тона, за годинава се очекуваат просечни приноси од 3 до 4 тона од хектар. Засега мелничарите не откриваат колку ќе биде годинешната откупна цена на пченицата. Тие велат дека тоа ќе зависи од цената во регионот.
Земјоделците сметаат дека не треба да биде пониска од ланската. Најави за намалување на откупната цена за околу 20 отсто, поради добрите приноси, е најавена на Новосадската берза.
Најавата за намалување на откупната цена на пченицата најверојатно нема да значи и намалување на цената на лебот и на белите пецива. Според информации на Фактор таква потреба нема да има затоа што токму по таква намалена цена на пченицата е формирана сегашната цена на лебот.