Поевтинува роамингот со земјите во регионот
Нови цени ќе плаќаат граѓаните за роаминг услугите со Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина од 30 јуни. Информацијата ја соопшти директорот на Агенцијата за електронски комуникации Роберт Ордановски.
Според него, договорот е направен на последниот состанок на претставнци на четирите земји во Белгард
„Македонија веќе го измени законот за електронснки телекомуникации и воведе право на АЕК како регулаторно тело да може да ги утврдува цените на роамингот, со што се создадени условите за примена на Договорот меќу Македонија, Србија ,Црна Гора и Босна и Херцеговина за нови цени на роаминг услугите“, истакна Ордановски.
Како што предвидува договорот, цените во роаминг за говорни услуги во мобилната телефонија, за кратки пораки и интернет сообраќај, ќе бидат намалени, односно нивелирани на нивото на земјите од ЕУ.
