Англија бара во Европа да се дозволи ГМО во храната!
Англија инсистира на либерализација на пазарот на храна со генетски модифицирани организми (ГМО) во Европа во обид да го надмине отпорот на многу европски земји, меѓу Австрија и Франција, објави Financial Times.
Весникот пренесува дека секретарот за животна средина во кабинетот на премиерот, Овен Патерсон веќе подготвува предлог за либерализација на режимот со цврстата поддршка од страна на премиерот Дејвид Камерон и министерот за финансии Џорџ Озборн.
Засега Европската Унија одобри само два генетски модифицирани организми во исхраната.
Во САД и други земји во светот овој вид на производи се широко распространети.
ЕУ е подложен на притисок да го либерализира ГМО секторот поради зголемените цени на земјоделското производство.
Граѓаните на Европа се цврсто против употребата на ГМО храната особено после скандалот со откриеното коњско месо во производите на чија декларација не беше означено.
Тоа покажа колку се чувствителни на безбедноста на храната./Н.Р
