Самит Германија – ЕУ – Западен Балкан во Берлин

Објавено на 28 август, 2014 во 07:37

На иницијатива на германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Берлин се одржува самит Германија-ЕУ-Западен Балкан, чија цел е реафирмирање на поддршката на европските перспективи на земјите од регионот,јави Радио Слободна Европа.

На самитот ќе учествуваат високи официјални претставници од Македонија, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Словенија,Хрватска, Германија и ЕУ.

Во име на Европската Комисија на конференцијата во Берлин ќе учествуваат нејзиниот претседател Жозе Мануел Баросо и комесарите за енергетика и проширување Гинтер Етингер и Штефан Филе.

Самитот почнува претпладне со „Економска конференција за Западен Балкан“, а попладне,  зад затворени врати во блокот за надворешната политика ќе има  консултации  за регионалната соработка, ЕУ и отворените прашања, на кои   ќе учествува и шефот на дипломатијата Попоски.

Во исто време попладне германската Влада канцеларката Меркел ќе ја има главната пленарна седница со премиерите на земјите од регионот вклучувајќи ги Словенија и Хрватска, на која ќе учествува и премиерот Груевски. И овие разговори се затворени за јавноста, но според германски медиуми, ќе биде дискутирано за политички теми односно ситуацијата и проблемите во регионот.

По собирот  најавена е прес-конференција  на Меркел со Баросо и албанскиот премиер Еди Рама, како актуелен претседавач со Процесот за соработка во ЈИЕ.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.