Филипче: Преживеаните патници се во стабилна состојба
Објавено на 23 ноември, 2021 во 09:36
Министерот за здравство Венко Филипче денеска пред болницата „Пирогов“ истакна дека ги посетиле лицата кои преживеале во страшната несреќа, а упати и благодарност за брзата интервенција.
-Ги посетивме сите седум пациенти во болницата. Сите се во стабилна здравствена состојба. Станува збор за полесни повреди, контузии исекотини кои се третирани од нашите колеги има само еден пациент кој има скршеница. Од повредените се повеќето членови на едно семејство, а најмладиот пациент е девојка од 16 години, кажа Филипче.