ИЕП: Северна Македонија најбезбедна земја на Западен Балкан
Објавено на 22 септември, 2021 во 10:15
Според Институтот за економија и мир, Северна Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан.
Индексот на Северна Македонија е зголемен за 11 индексни поени и државава е на 40-то место во светот, додека на прво место во светот е Исланд, на последното 163-то се наоѓа Авганистан.
Зад Македонија се Србија 44. место, Албанија 48. место, Црна Гора 51. место, Босна и Херцеговина 72. место и на 80. место од земјите од Западен Балкан се наоѓа Косово.
Според Институтот, поголем дел од земјите од Западен Балкан бележат напредок во состојбата за мир, безбедност и внатрешна стабилност.
ИЕП рангира 163 независни земји и териории во светот, оценувајќи ја состојбата на мир во тие земји во публикацијата „Индекс на мирот“ (Peace index) за 2021 година.