Ќе се дозволи организирање на свадби, доколку бројот на заразени се намалува
Објавено на 19 мај, 2021 во 13:27
Ќе има дополнително олабавување на мерките, доколку продолжи овој тренд на намалување на бројот на заразени од корона вирусот, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче.
-Нешто што е разумно и има логика да се имплементира од почетокот на јуни, но меѓутоа не можам да тврдам доколку бројките продолжат да се намалуваат ќе може да се дозволат свадби со протоколи, угостителите да продолжат да работата на терасите. Лично сметам дека се уште е рано маските да се тргнат, рече Филипче.