Ќе се распределат средства за комунална инфраструктура, за места населени со ромско население
Објавено на 5 август, 2021 во 11:30

На денешната редовна седница беше усвоена и Предлог-програма за начинот, постапката и критериумите за распределба на средства обезбедени во потпрограма и Поддршка на имплементацијата на Декадата и Стратегијата за Ромите, ставка Капитални дотации до Единиците на локалната самоуправа во Буџетот на Министерството за транспорт и врски.
Во Буџетот на Министерството за транспорт и врски во потпрограма 11-Поддршка на имплементацијата на Декадата и Стратегијата за Ромите, ставка 488-Капитални дотации до ЕЛС секоја година се обезбедуваат средства за реализација на проекти од комуналната инфраструктура за места населени претежно со ромско население.
