На Конференција на БИРН истакнато значењето на еколошкото новинарство на Балканот
Автор: Азем Куртич
Известувањето за еколошките прашања на Балканот сè уште не е приоритет за медиумите, кои се борат со политички и финансиски притисоци и недостаток на посветеност, беше заклучено на конференцијата на БИРН во Сараево.
Еколошката криза во Западен Балкан стана повидлива по руската инвазија на Украина во февруари минатата година, бидејќи земјите се мачеа да добијат доволно енергија со зголемените цени, ставајќи ја заштитата на животната средина во сенка.
„Кризата веќе постоеше во регионот и со војната стана појасно дека ова е нешто што ќе остане со години и ќе бидат потребни многу напори за да се промени“, рече Пипа Галоп, советник за енергија во Југоисточна Европа во Bankwatch.
Над 50 новинари се собраа во Сараево, Босна, на конференцијата „Going Environmental“, како дел на проектот на БИРН и германскиот партнер n-ost.
Целта на проектот беше да се промовира заедничко еколошко новинарство во регионот со здружување на новинари од земјите од Западен Балкан за да соработуваат и да обезбедат регионални перспективи за прашањата за животната средина и климатските промени – кои се се по често изразени.
Западен Балкан се соочува со значаен предизвик во форма на неговото потпирање на јаглен за производство на електрична енергија и за греење, што резултира со тоа што градовите во регионот често да се појавуваат на листите на градови со најзагаден воздух во светот.
Сепак, со ескалацијата на енергетската криза, учесниците на конференцијата истакнаа дека многу земји сега се оддалечуваат од обновливите извори на енергија.
Во Босна и Херцеговина, на пример, затворањето на блокот 5 на централата во Тузла и блокот 4 на електраната Какањ, првично планирано за 2022 година, е одложено.
„Сè уште немаме стратегија за заштита на животната средина на државно ниво и чекаме да се направи, што ќе биде историски момент во Босна и Херцеговина“, рече Сабина Сахман – Салихбеговиќ, секретар на Министерството за животна средина и туризам на Федерацијата на Босна и Херцеговина, еден од двата ентитета во земјата.
Беа одржани програми за обука за новинарите да известуваат за различни критични теми, вклучително и ефектите од употребата на пестициди, губењето на заштитеното наследство поради градежни проекти, незаконското уништување на шумите и последиците од малите хидроцентрали.
Посебен акцент беше ставен на прекуграничното новинарство, што доведе до продукција на 19 проникливи написи кои беа објавени во медиумите ширум Западен Балкан.
Во 2022 година, 18 учесници од шест земји од Западен Балкан поминаа низ две обуки со цел да развијат нов регионален пристап кон еколошките прашања на Балканот.
Кулминацијата на нивната работа беше прикажана на презентацијата во Сараево во четвртокот, на 9 февруари,годинава. Настанот ја истакна виталната улога на медиумите во поттикнувањето на отворен и информиран јавен дискурс за борбата против климатските промени, како и за далекусежните влијанија на руската инвазија на Украина врз еколошките и енергетските политики во Европа и на Балканот.