Ресен почуствува земјотрес!
Објавено на 26 ноември, 2012 во 09:42
Во текот на изминатиот ден во 21 часот и 19 минути беше регистриран земјотрес со епицентар на 120 километри јужно од Скопје, кој потекнува од преспанското епицентрално подрачје.
Според досегашните информации, земјотресот бил со интензитет од III до IV степени според Европската макросеизмичка скала-1998.
Еден час подоцна, регистирани се уште два земјотреси со интензитет од 4.4 степени. Епицентарот бил на 20 километри од грчкиот остров Родос.
