Сообраќајот се одвива нормално во зимски услови!
Објавено на 19 декември, 2012 во 09:23
На сите магистрални и регионални патишта низ државата се вози непечено, по влажни коловози.
Од АМСМ информира дека слаби врнежи од снег има на Попова Шапка, Стража и Маврово, а на патниот правец Маврово-Дебар има поголеми одрони. Дежурните екипи на Македонија пат континуирано работат на расчистување на патот. Сообраќајот се одвива без застој..
Магла има на патниот правец Тетово-Гостивар. Таму видливост е намалена на 30 до 50 метри.
Внимателно возење се препорачува на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има почеста појава на одрони.
