Опасност од одрони и голомразица на дел од патиштата!

Објавено на 20 декември, 2012 во 09:23

Поради ниските утрински температури на повисоките места има појава на голомразица.

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено и во зимски услови, по влажни коловози и наместа на повисоките места со остатоци од кашаст снег.

АMСМ препорача поголема внимателност при управувањето на моторните возила на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово. Таму можни се одрони кои би го попречиле  движењето на возачите. На патот Маврово- Дебар кај Јанче и Скудриње, поради одрони, сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

Внимателно треба да се вози и на магистралниот пат М-1 делница Катланово – Велес, каде се одвиваат работи за реконструкција на патот за што има поставено соодветна сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ потсетува на законската обврска за носење и користење на зимска опрема.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.