Владата подготвува нов предлог буџет!
Објавено на 23 декември, 2012 во 18:47
И без дозвола од матичната комисија ќе се носи буџетот за 2013.
Владата вечерва заседава и на седница ќе донесе нов предлог буџет кој ќе биде усвоен на пленарна седница на собранието. Некои медиуми објавија дека до 29 декември земјава ќе добие буџет за следната година.
Како што јавија медиумите, Владата ќе усвои нов предлог-буџет, со незначителни измени.
Во меѓувреме социјалдемократите закажаа итна седница на Централниот одбор на која ќе присуствуваат и претставници од здружената опозција.
