Цивил: “Бројни нерегуларности во кампањата“!
Граѓанската „Цивил“ во првата половина од изборната кампања регистрирала голем број нерегуларности. Денеска информираа дека имало зострена политичка реторика, ветувања за предизборни вработувања, уценувања и поткупување на гласачи.
„Уште по загрижувачки е што кандидатите за градоначалници и партиските лидери меѓуетничките односи ги злоупотребуваат за добивање политички поени. Цивил доаѓа и до сознанија дека кај граѓаните има голем страв дека тајноста на гласањето може да биде нарушена.Слична ситуација и кај медиумите. На дело се покажа црната кампања велат од Цивил. Забележан е говор на омраза кај најголем дел од телевизиите и весниците“ рекоа од „Цивил“.
Невладиниот сектор стравува и од можни инциденти на денот на изборите. Особено ги посочуваат Кичево и Струга за каде имаат сознанија дека помалите етнички заедници се под силен притисок на поголемите./ А.Д