Новиот закон за медиуми спорен и за ОБСЕ!
И ОБСЕ има голем број забелешки на нацрт законот за медиуми што го турка владата. Забелешките во форма на документ денеска им се врачени на властите во Македонија, пишува „Нова“.
ОБСЕ целосно ја отфрла идејата, или поточно, законската одредба за регистрација на медиумите, печатени и електронски, со зборовите- таа треба да биде избришана. Образложението е дека регистрацијата целосно може да ја загрози слободата на медиумите.
Понатаму, дефиницијата на електронски публикации (интернет портали, блогови и сл.) се смета како за премногу широка и оттука ризикот за ограничување на слободата на медиумите.
Дефиницијата на уредник и на новинар се отфрла, саморегулацијата и формалната регулација се смета дека не се соодветно регулирани и оттука ја замаглуваат разликата и со тоа и ограничувачки карактерот на саморегулацијата.
Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ, денеска изрази загриженост дека новиот предлог-закон за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги ќе ја ограничи слободата на медиумите во земјата. Според неа властите во земјава биле подготвени да ги разгледаат коментарите и препораките.