Полицијата има осомничен за грозоморното убиство во Кичево!
Објавено на 30 мај, 2013 во 22:09
Приведено е лице кое се сомничи дека минатата година, на 2 септември, ги убило старците С.И (69) и И.И (69) во кичевското село Србица, објави Прес 24.
Мртвиот брачен пар беше пронајден во нивниот дом кои целосно беше претурен.
Првично полицијата се сомневаше дека станува збор за грабеж. Тие биле печалбари кои од Америка дошле на одмор во Македонија.