Од понеделник во Македонија, по вторпат годинава, врвни кардиолози ќе оперираат деца!
Тим кардиохирурзи предводени од професорите Вилјам Новик и Али Доџ Катали, наредната недела, повторно ќе направат нова серија кардиохируршки операции на деца со срцеви проблеми кои се лекуваат на Клиниката за детски болести на одделот за кардиологија во Скопје.
Во тимот ќе бидат вклучени и познати експерти од кардиологијата како Томас Дисеса, анестезиологот Вишња Иванчан, интензивистот Џенифер Тули и уште десетина познати лекари, соопштува Министерството за здравство.
На клиниката за детска хирургија ќе бидат оперирани дестина деца со вродени срцеви маани, а како што соопштуваат од Министертвото за здравство, ќе им асистираат лекари од Клиниката за детски болести.
Проекциите на Министерството за здравство се дека за три години македонските хирурзи кои сега работат со американскиот тим, ќе можат сами да ги изведуваат овие операции.