Изгаснат пожарот на Криволак!
Објавено на 31 мај, 2013 во 10:28
Од Дирекцијата за заштита и спасување во Штип информираа дека е изгаснат е пожарот меѓу воениот полигон Криволак и месноста Теќе во близина на напуштеното штипско село Хаџи Реџепли.
Тодорка Атанасова вели дека се уште тлее на одредени делови опожарени суви смреки и трње, и оти ќе биде побарана интервенција од штипските пожарникари.
– Поради страв ветерот да не го прошири огнот ќе ја побараме интервенцијата од пожарникарите. Станува збор за непристапен терен и со оглед на тоа дека пожарот е изгаснат во овој дел нема потреба од ангажирање на канадерите, изјави Атанасова.
Градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев околу пладне ќе оди на терен да ја види состојбата по пожарот.