(ВИДЕО) Димитровски: Бараме одговор зошто е приведен Кежаровски?
Објавено на 3 јуни, 2013 во 12:51
Уредникот на Нова Македонија Зоран Димитровски со колегите кои се дел од Иницијативниот одбор за ослободување од притвор на новинарот Кежаровски, поднесоа барање за средба со претседателот на Кривичниот суд Владимир Панчевски, на која ќе побараат одговори на нејасните прашања поврзани со приведувањето на новинарот Томислав Кежаровски поврзани со одлуката за негов притвор, пренесе А1.0н.
– Доколку се брани од слобода, Кежаровски, ќе биде достапен за институциите на правдата и на јавноста. Случајот е стар 5 години и не може да влијае на сведоците и на јавноста – изјави уредникот на „Нова Македонија“ Зоран Димитровски пред Основен суд 1.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=roktVgJ3b9A{/youtube}